Кармен доаѓа во четврток – ќе донесе интензивни врнежи, грмежи и голем пад на температурите

Голем пад на температурите (за повеќе од десет степени), поинтензивни врнежи (над 30 л.м2), локална појава на грмежи како и услови за локална појава на град ќе донесе изразениот циклон Кармен во четврток попладне, навечер како и во текот на ноќта кон петок како и во петок. Влијанието на истот ќе го почувствуваме уште во среда кога во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува и ќе има услови за послаб локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.


Максималните дневни температури до среда ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, во четврток истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени меѓутоа во петок ќе бележат тенденција на голем пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени а големиот пад на температурите ќе биде придружен и со засилен северен ветер кој наизразен ќе биде долж Повардарието и во северните предели каде најпрво ќе започне заладувањето и тоа уште во среда доцна попладне и навечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.