Каролина Гочева вака ја дочека пролетта

Покрај Калиопи, таа важи за првата дама на македонската естрада, но и за една од најубавите македонски пејачки, иако на естрадата е долги години, што би рекле уште од девојче.
За нејзините вокални квалитети се е кажано и познато, па кога е во прашање нејзината кариера, Каролина низ годините својата музика почна да ја прилагодува на слушателите и обожавателите од сите возрасти, фаза која започна со албумот „Македонско девојче 1“.
Социјалните мрежи како и сите јавни личности и таа ги користи кога има нешто да каже, да најави, да и покаже на јавноста.


Токму вчера, 22 март, на денот на официјалното пристигнување на пролетта Каролина објави неколку нови фотографии. На нив убавата битолчанка со скопска aдреса на живеење, стокмена, дотерана, средена… како од насловницата на некој престижен светски моден магазин.
Впрочем, не е спорно дека Каролина отсекогаш знаела како со модата и речиси никогаш немала никакво модно промашување. Но, овој пат таа ја покажа сета своја убавина, сиот свој раскош и елеганција… во секој поглед.


Со залижана коса и соодветен мејк ап и накит, променета во долг пролетен резеда боја фустан со кус шлиц, долго бело сако и колан на кој е прикачена светлокрем кожна чантичка и папучи-чевли со високи потпетици, македонската пејачка пролетта ја дочека ултра модерно и елегантно. Моден изглед на кој можат слободно да и позавидат и светските ѕвезди, комбинација со која ладно може да се појави на некој од најзначајните модни настани на светките модни писти.


„Пролет е за нови почетоци!
На првиот пролетен ден ви ја претставуваме новата колекција заедно со моите пријатели“ – напишала Каролина во описот на фотографиите претставувајќи го она што го носи на себе.
И навистина пејачката има право: Пролетта е за нови почетоци… кај многумина, па и кај неа. Засега само модни, веројатно и музички, а можеби и животни? Па, пролетта дојде, а со тоа и штркот веќе е на пат од југ… кон дома! Зашто, време му е!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.