Каролина не може или не сака да најде фотографија од пред 10 години!?!

Нова социјална игра или поточно предизвик “10yearschallange“ кружи деновиве на Интернет. Имено учесниците треба да објават една фотографија од пред 10 години и една најнова на која се гледа како изгледаат сега.
Во играта се вклучија многумина меѓу кои и некои од познатите личности како Викторија Лоба, Тијана Дапчевиќ, Лила Стојановска, Татјана Стефановска.
На предизвикот сакаше да се приклучи и Каролина Гочева, но не можела да најде фотографија од пред 10 години.
Наместо тоа таа на Инстаграм објави неколку фотографии со нејзиниот сопруг Михаил Корубин од пред една година. Ако се земе предвид дека откако се омажи Каролина не сака да ја експонира својата приватност, ова повеќе наликува дека сега решила нешто малку да сподели со јавноста, отколку дека нема стари фотографии.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.