четврток, 26 ноември 2026
Најново
Мислење

Касами: Отворањето на Уставот е добра можност да се зајакнат правата на Албанците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нола Исмалјоска не се каела што се отвора промената на Уставот со нејзин глас. Толку разбира политика и не е виновна таа за тоа, туку тој што ја стави на листа за во даден момент од неа да зависи судбината на Македонија. А во време на Груевски знаеме кој ги правеше листите во таа партија. Него сега надоаѓа друга беља. Обезбедувањето на двотретинското мнозинство од гласовите во Собранието е можност да се интервенира и кај зајакнувањето на правата на Албанците во Македонија, смета лидерот на БЕСА Биљал Касами.
-Обезбедувањето на двотретинското мнозинство од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти – вели Касами. Според него, сега е можноста да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија.

Поврзани вести