Катарина Ивановска го откри полот и името на бебето: Иако носи девојче, тоа ќе се вика по таткото на манекенката

Македонската манекенка која има најуспешна кариера надвор од границите на земјава, Катарина Ивановска деновиве влезе во деветтиот месец од бременоста.
Таа неодамна славеше роденден, па во друштвото составено од претставници на семејството, најверните другарки и блискиот круг на пријатели, ги дувна свеќичките со бројката „31“ на славеничката торта.


Иако речиси и да не и се забележува дека е трудница, Катарина може секој момент да се породи. До сега го криеше и полот и името на бебето, но откако малечкото е на прагот да дојде на свет, манекенката реши да ги открие за јавноста и обете во разговорот за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Така, Катарина Ивановска обзнани дека носи девојче, кое верувале или не, ќе го добие името на таткото на манекенката… Се разбира во модифицирана, женска варијанта.

Имено, нејзиниот татко, своевремено познат ракометар, десно крило на нашата гордост РК „Вардар“ и повремен репрезентативец на тогашна Југославија, кој го паметат повозрасните генерации се вика Кире Ивановски!
Затоа неговата ќерка решила, својата ќеркичка да ја крсти по него – Кира! Можеби помакедонски би било Кирјана, но сеедно… Изборот на името на малата Кира звучи модерно, светски, а истовремено потсетува на името на нејзиниот дедо!
Ем светскиот тренд запазен, ем традицијата на „Парго“- вци сочувана!
Инаку ова ќе биде второ дете на манекенката која претходно го донесе на свет синчето Вања, кој пак има „унисекс“ име, кое може да биде и машко и женско! Катарина иако наскоро ќе биде мајка на две дечиња, таа со својот сопруг никогаш не правела свадба…
Впрочем, како што вели и самата, ниту нејзините родители не ја правеле, па сепак се среќни сопружници со весело семејство со години!
Им посакуваме така да биде и понатаму… И ним и на нивните наследници!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.