четврток, 12 ноември 2026
Најново

Катастрофални поплави го погодија југот на Шпанија: тројца загинати, куќи и возила под вода

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обилните дождови што го зафатија регионот Андалузија предизвикаа смрт на три лица и хаос низ јужна Шпанија, соопштија регионалните власти. Најтешко погодена беше провинцијата Малага, каде што беа регистрирани најголем број инциденти, јавува „Еуроњуз“.

Првите две жртви, на возраст од 53 и 54 години, беа пронајдени во Алхаурин Ел Гранде, откако нивното комбе го однесе надојдената река. Третата жртва, 18-годишник пријавен за исчезнат, беше пронајден во Илора, провинција Гранада.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Малага се регистрирани 343 интервенции на итните служби, најчесто поради поплавени домови, гаражи и улици. Следува Гранада со 58 и Алмерија со 48 интервенции. Затворени се бројни патишта, а возила беа заробени во порои, додека одрони од камења беа забележани и во руралните и планинските подрачја.

Регионалната влада активираше План за вонредни состојби поради ризик од поплави, додека 36 општини ги спроведоа своите планови за цивилна заштита. Премиерот Педро Санчез повика граѓаните на претпазливост, советувајќи да се избегнуваат непотребни патувања и преминување преку поплавени подрачја.

Поврзани вести