Катица Јанева има нов адвокат

Адвокатката Ирена Данилова Фрчкоска од пред неколку дена е новиот адвокат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Обвинителката мораше да бара нов адвокат, бидејќи Стеван Павлески одлучи да остане бранител на бизнисменот Цветан Панделевски, кој е осомничен од СЈО.
“Фокус“ стапи во контакт со адвокатката Фрчкоска, но таа посочи дека не може да даде изјава поврзана со истрагата за “Рекет“, бидејќи како што рече, најпрвин треба да направи увид во доказите.
-Таа не сакаше да открие и дали наскоро ќе бара укинување на мерката притвор за Јанева, бидејќи доколку предметите на СЈО преминат во Републичкото јавно обвинителство, на Јанева и се отвара можност да се спаси од притвор. Поточно, притворот на Јанева и е одредан поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело. Со предавање на предметите, отпаѓа третата ставка, односно Јанева нема да биде во можност да го повтори делото, поради што може да бара куќен притвор, објави порталот.
извор: “Фокус“
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.