Катица Јанева останува во Шутка, потврди Апелацискиот суд

Апелацискиот суд денеска и официјално донесе одлука дека Катица Јанева останува во Шутка. Судот добил информација од Обвинителството дека истрагата е завршена. Но апелациските судии се воделе до фактот што сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредено поблага мерка. Поради завршената истрага и новите околности нејзините адвокати најавија дека ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспитра одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.
Катица Јанева од 21 август е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“. Освен неа осомничен е и Боки 13 кој исто така е во Шутка и Зоран Кичеец, кој е во домашен притвор откако Обвинителството за организиран криминал и официјално соопшти дека истрагата е завршена.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.