Кафеаните и кафе баровите ќе работат со скратено работно време, измени и за возење во ЈСП- еве ги деталите!

Владата на седницата која ја одржа денеска донесе одлуки и нови мерки со цел справување со коронавирусот. Меѓу нив, онлајн работа на државни и јавна администрација, автобуси со половина капацитет да возат и работата на економските субјекти да заврши до 23 часот.
-Препорака до цела државна и јавна администрација до ошпштините и судовите согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени, редуцирано или онлајн од дома
-Автобусите да возат со 50% намален капацитет
-Сите економски субјекти да работат до 23 часот
Инаку денеска во Собранието не се расправаше по предлог измените на законот за заштита на населението од заразни болести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.