Кафетеријата во Белград ги тргна мечињата- еве ја причината

Изгледот на беградската кафетерија „Гардош” ги освои и граѓаните на овој град, но и сите што го видоа нивниот празничен амбиент, објавува Fashionel.
Многумина посакаа да можат да го посетат, а голем број на луѓе и го сторија тоа. Сепак тој, очекуван или не, наплив на луѓе, го примора тимот на кафетеријата да ги тргнат мечињата, а причините за одлуката ги соопштија на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cafeteria Gardoš (@cafeteriagardos)

„Драги наши,
Ви се обраќаме во име на нашиот локал кој со години го градиме и сакаме и вложуваме огромна енергија за да ви ја пренесеме сета љубов и посветеност кои ги негуваме кон оваа работа. Вие, досега, тоа со сето срце го ценевте и ја забележувавте секоја наша иновација и труд. Благодариме на тоа.
За жал, до сега најубавата работа и магија која сакавме да ја создадеме и оваа чудна година да ја направиме навистина посебна, доведе до тоа да мораме да се откажеме од идејата за нашите мечиња поради огромното внимание и концентрација на луѓе која се случи поради нив.
За сега, тие ќе мора да почекаат некое поубаво време и некоја нова бајка, бидејќи нам на прво место ни е вашата и наша безбедност.
Со цел одржување на добро здравје и здрав разум, моравме да преземеме комплетна одговорност и да го направиме овој чекор. Секој наш апел или молба за почитување на мерките беа протолкувани како непрофесионализам, па дури и немарност да им угодиме на сите.
Во тој онтекст, мораше да дојде и до тоа нашите мечиња да се повлечат и да почекаат некое поздраво време. Се надеваме дека и понатаму ќе уживате во омиленото кафе, чаша добро вино и нашите слатки, а нам ни е бескрајно жал што овој меден момент моравме да го запреме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cafeteria Gardoš (@cafeteriagardos)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.