Кафе или какао …?

Луѓето што се љубители на утринското кафе ќе ви кажат дека без истото денот не може да им започне. Но, што ако шолјата кафе ја замениме со шолја топло и вкусно какао? Двата пијалока го содржат кофеинот – состојката која се смета дека нè држи будни и го прави кафето омилен пијалок за утринските часови. Во продолжение ќе ги споредиме нутритивните карактеристики и здравствените придобивки на овие два популарни пијалока и ќе воочиме дали навистина какаото може да е здрава и нутритивна алтернатива на кафето,а сепак да не држи будни и фокусирани.
Во претходните статии беа разгледани позитивните придобивки од какаото во прав, но во продолжение ќе направиме една споредба на шолја какао напиток и шолја кафе.
Какаото во прав – здрав и вкусен напиток
Какаото се добива од плодовите на дрвенастото растение Theobroma cacao кое потекнува од тропските делови на Америка. Од овие плодови се добива какао масата (прав и какао маснотии) и потоа од неа и чоколадото, што воедно е и главната употреба на какаото. Кај нас, какао правот се користи уште и како топол напиток. Дел од многубројните здравствени придобивки на овој напиток се :
Високата содржина на антиоксиданти, првенствено полифенолите
Намалување на ризикот од мозочен и срцев удар
Намалување на симптомите од дијабетот тип 2
Регулирање на телесната тежина
Поздрава кожа
Но исто така, какао правот содржи:
масти од кои околу 60% се здравите незаситени масти
протеини (околу 40% од масата на правот)
јаглехидрати од кои најголем дел се корисните растителни влакна, а сосем мал дел се шеќерите
минерали (калциум, калиум, железо и магнезиум), како и витаминот B6
Кафето – омилен пијалок на многумина, богат со антиоксиданти
Кафето како еден од најпопуларните пијалаци во светот се подготвува од печените зрна на растенијата од родот Coffea. Тоа нуди исто така низа на здравствени придобивки, како што се:
Намалување на ризикот од дијабет тип 2
Намалување на ризикот од појава на Алцхајмерова болест, Паркинсова болест и деменција
Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Практично е без калории (поради отсуството на макро нутриентите), а сепак содржи одредени витамини како витамините B2,B3,B5 како и минералите манган и магнезиум
Кафето е докажано дека содржи високи количества на антиоксиданти– соединенија кои ги неутрализираат штетните слободни радикали кои се секогаш присутни во човековото тело. Имено кафето е особено богато со антиоксидантите фенолпропанонска киселина и полифенолите. Токму овие соединенија – антиоксидантите ги пружаат здравствените придобивки кои се препишани на кафето.
По чајот, кафето е вториот најпопуларен пијалок во светот и поради тоа се смета дека кај популациите кои редовно консумираат кафе, најголемиот дел од антиоксидантите во исхраната доаѓаат токму од овој пијалок.
Исто така за луѓето кои внимаваат на внесот на калории, кафето е одличен пијалок бидејќи скоро и воопшто да не содржи калории.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.