Кендал Џенер ги носи најлудите каубојски чизми ги носи најлудите каубојски чизми

Манекенката Кендал Џенер обожува ексцентрични дневни комбинации, а тоа го потврди и со последниот стајлинг.
За првиот ден од модната недела во Милано, изгледа дека била инспирирана од Дивиот Запад, бидејќи прошетала во многу храбри каубојски чизми во сина боја.


Остатокот од нејзиниот аутфит бил прилично едноставен, а забавата почнува под нејзините колена.
Комбинацијата од бела маица на прерамки и кратки црни панталони, ја зачинила со ретро сако, кое на овој аутфит му дава доза елеганција, додека ташната од модната куќа “Balenciaga”, украсена со графити ѝ дала доза на откаченост.
Кендал често во калсичните дневни комбинации, вклучува и некои луди модни додатоци, како огромни ремени и необични чизми, со кои неодамна се појавила во Њујорк.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.