Кесичката со чипс никогаш не е полна- не се работи за измама има добра причина за тоа

Кога е чипсот во прашање, многу често се шегуваме дека купуваме кеса полна со воздух, во која има сосема малку чипс. Но, која е причината за тоа?
Одговорот е дека не е чипсот малку, туку кесата е голема, а полна е со воздух бидејќи на тој начин се заштитува чипсот од оштетување. При транспорт се случува доставувачите да не внимаваат како ги пренесуваат намирниците, па ако не е полна со воздух кесичката, многу е веројатно дека ќе добиете ронки со вкус на чипс.
Но тоа не е сè. Всушност, кесите чипс не се полнат со обичен воздух, туку со разреден азотен гас, кој помага во одржување на свежината на чипсот. Се работи за гас кој е сосема безбеден при производството на храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.