Кети Пери за влакно избегна инцидент: Електрична кутија експлодира додека даваше автограми (видео)

По снимањето на шоуто кое го води Џими Кимел, Кети Пери реши да се дружи со обожавателите, но за малку ќе дојдеше до инцидент откако електричната кутија која се наоѓа во близина на оградата експлодираше и искри летаа насекаде.Видеото споделено од TMZ го сними моментот кога Кејти за малку ќе ја зафатеја искри додека им дава автограми на обожавателите по снимањето на шоуто „Џими Кимел во живо“ оваа среда.По нејзиното појавување во ток-шоуто, Пери застана и даваше автограми, додека нејзините обожаватели беа позиционирани од другата страна на оградата.
this is actually really scary, glad she’s ok pic.twitter.com/avAZi6CZ6N— kp🦋🧡 (@katyxfact) January 30, 2025
На видеото подолу се гледаат искри кои летаат кон пејачката додека таа се наведнува.Очевидец изјави за Entertainment Tonight: „Штом искри, ја извлекоа и ја ставија во автомобилот. Таа го спушти прозорецот и продолжи да разговара со обожавателите“.
new pov: the box kinda exploded https://t.co/EMfDldfyuA pic.twitter.com/8qfgAYBwbK— kp🦋🧡 (@katyxfact) January 30, 2025
Исто така, снимка од друга перспектива покажува електрична кутија како експлодира, искри летаат во сите правци.Според TMZ, едно лице од толпата било погодено од искри, поради што и се запалил дел од палтото. Нема информации за сериозни повреди.Пери се појави на „Џими Кимел во живо!“ да ја промовира нејзината претстојна турнеја The Lifetimes, која започнува на 23 април во Мексико Сити и завршува на 7 ноември во Франција.

Пронајдете не на следниве мрежи: