Синоќа, Јувентус го победи Бодо/Глимт на гостински терен со резултат од 3:2, а предводникот на италијанскиот тим, легендарниот Џорџо Кјелини, имаше вистинска мала авантура за да стигне до натпреварот.
Киелини, кој ја заврши својата богата кариера во 2023 година, моментално е раководител на фудбалските операции во Јувентус, а имаше големи проблеми при пристигнувањето во норвешкиот град Бодо.
Како што пишува норвешкиот портал „Спортбладет“, Киелини и извршниот директор на клубот, Дамиен Комоли, на денот на натпреварот со приватен авион од Торино отпатувале за Норвешка, но поради лошите временски услови, тој не можел да слета на планираната дестинација, туку бил пренасочен дури 400 километри подалеку, кон шведскиот град Арвидсјаур.
За да стигнат до натпреварот, Кјелини и Комоли морале да повикаат такси, а нивното патување до Бодо го раскажал таксистот Ерик Гранберг.
„Не следам фудбал, па затоа не го доживеав ова возење како нешто посебно. Само ми кажаа дека превезувам некои луѓе од Јувентус. Кога дојдов да ги земам, тие само се качија во колата. Тој Италијанец, Кјелини, не зборуваше многу. Кога пристигнавме во Бодо, ме праша дали сакам да останам и да го гледам натпреварот, но јас не сакав. Ми дадоа шише вино како подарок бидејќи стигнавме на време за да не го пропуштат натпреварот, а ја платија и сметката за такси и ми дадоа 900 евра“, рече Гранберг.
The post Киелини доцнел на натпреварот со Јувентус, платил 900 евра за такси од Шведска до Норвешка appeared first on Во Центар.



