Риалити ѕвездата Ким Кардашијан и седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, беа видени заедно за време на романтично патување во Аризона.
Двојката, во видео објавено од TMZ, е снимена во близина на езерото Пауел. Според американските медиуми, во саботата навечер тие уживале во пустинската атмосфера и зајдисонцето на оваа луксузна дестинација што се протега по должината на реката Колорадо низ Јута и Аризона.
Достапните снимки ги прикажуваат како се фотографираат заедно на изолирана локација позната по луксузни патувања со брод и приватни одморалишта.
Kim Kardashian, Lewis Hamilton Enjoy Arizona Getaway As Relationship Heats Up https://t.co/7Ib8cQ3Nuv pic.twitter.com/h7Pe5hG6Op— TMZ (@TMZ) March 1, 2026
Потоа, тие беа забележани како се враќаат кон црн џип паркиран во близина, што дополнително привлече внимание поради интимната и ненаметлива природа на нивниот излет. Локацијата е близу до ултра-ексклузивниот одморалиште Амангири, омилен меѓу познатите личности, вклучувајќи ги и членовите на семејството Кардашијан.
Lewis Hamilton and Kim Kardashian in Arizona. pic.twitter.com/i1cK7z1AvR— deni (@fiagirly) March 1, 2026
Ова излегување во Аризона доаѓа неколку недели откако Кардашијан и Хамилтон заедно присуствуваа на Супербоул, што многумина го опишаа како нивно прво значајно јавно излегување како двојка.
Гласините дека Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се заедно почнаа да се шират во текот на февруари, откако извор откри дека тие поминале романтичен викенд во Велика Британија.
После тоа, тие беа снимени во Париз. Тие беа долгогодишни пријатели, а неодамна, меѓу нив се роди љубов. Тој беше близок пријател на нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест.
The post Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се сè повеќе заедно, фатени на одмор во Аризона (фото) appeared first on Во Центар.



