сабота, 28 ноември 2026
Најново

Ким Џонг Ун отвори луксузно одморалиште во Северна Кореја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун отвори нов одморалиште Вонсан-Калма на источниот брег, опремено со водни тобогани, хотели и трговски центри, за да го промовира туризмот во земјата.Одморалиштето може да прими до 20.000 посетители и се протега на 4 километри крајбрежна линија.За време на турнејата, Ким беше придружуван од неговата ќерка Ким Ју Ае, а на церемонијата на отворањето присуствуваше и рускиот амбасадор, објави британскиот весник, повикувајќи се на севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.Според севернокорејските медиуми, овој проект е означен како еден од најголемите успеси на годината и клучен за развојот на туристичката култура во земјата.Иако одморалиштето беше најавено уште во 2014 година, изградбата се забави поради пандемијата и санкциите, пренесув Еуроњус.рс.Северна Кореја почна да ги ублажува ограничувањата во 2023 година, повторно прифаќајќи руски туристи, додека кинеските групни тури се уште се суспендирани.Овој проект е првиот чекор во развојот на туризмот, а Ким изрази верување дека Вонсан-Калма ќе стане препознатливо светско туристичко одморалиште.

Поврзани вести