Кина:Само 19 новозаразени со коронавирус, оздравени речиси 60.000 луѓе

Националната здравствена комисија на Кина денеска објави за само 19 нови случаи на заболени од новиот коронавирус во земјата (со исклучок на Хонг Конг и Макао) во последните 24 часа.
Тоа е најмал број заразени во Кина откако властите започнаа да даваат национални податоци на 20 јануари. Седумнаесет од новите случаи се во градот Вухан, епицентарот на епидемијата.
Вкупниот број потврдени случаи во Кина достигна 80.754.
Во изминатите 24 часа коронавирусот предизвика смрт на 17 лица, сите во Вухан, главниот град на централниот дел на Хубеи. Со тоа, вкупниот број на луѓе кои починаа од инфекцијата во Кина достигна 3.136.
Од новиот коронавирус оздравеле досега 59.897 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.