Кина возвраќа: Најави воведување на нови пристаништни такси за американските бродови и контејнери

Кина денеска најави воведување на нови пристаништни такси за американските бродови и контејнери што пристигнуваат во нејзините пристаништа – мерка што се толкува како директен одговор на најновите економски и царински потези на Вашингтон.

Според соопштението на кинеското Министерство за транспорт, новите тарифи ќе се применуваат за сите товарни бродови под американско знаме, како и за компании со седиште во САД што користат кинески логистички терминали. Целта, како што се наведува, е „заштита на националните економски интереси и фер конкуренција“.

Со овој потег, Пекинг испраќа јасна порака дека нема да дозволи еднострани притисоци врз својата трговија. Експертите предупредуваат дека мерката би можела да предизвика нов бран тензии во глобалниот транспорт и да ја зголеми цената на стоките меѓу двете најголеми економии во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: