– Кина денеска ги предупреди Филипините да не си „играат со оган“ во врска со прашањето за Тајван и да престанат да испраќаат погрешни сигнали до сепаратистичките сили на островот.
- Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинатиВо местото Горице, во близина на Брчко во Босна и… Read more: Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати
- АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбранаАмериканските вооружени сили извршиле напади врз ирански ракетни лансери во… Read more: АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбрана
- Просторијата каде што спие бебето не треба да биде потопла од 20 степениКога започнува грејната сезона, многу родители дополнително ја загреваат просторијата… Read more: Просторијата каде што спие бебето не треба да биде потопла од 20 степени
- Што да јадете навечер за да не ви се расипе сонот: Важно е колку и когаОбилната вечера непосредно пред спиење е поврзана со полош сон,… Read more: Што да јадете навечер за да не ви се расипе сонот: Важно е колку и кога
- НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА ТРАНСФЕРИТЕ НА ПАРИ ВО СТРАНСТВО: Непроверените тврдења можат да предизвикаат паника и да ја нарушат стабилностаНародната банка на Србија (НБС) излезе со официјално соопштение по… Read more: НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА ТРАНСФЕРИТЕ НА ПАРИ ВО СТРАНСТВО: Непроверените тврдења можат да предизвикаат паника и да ја нарушат стабилноста
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовен брифинг со новинарите рече дека честитките на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос до новоизбраниот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те сериозно го прекршиле принципот на „една Кина“ и декларацијата за воспоставување дипломатски односи меѓу Пекинг и Манила, јави кинеска новинска агенција.
Мао истакна дека оваа честитка претставува и грубо мешање во внатрешните работи на Кина.
„Кина силно се спротивставува на ова и вложи силен протест до Филипините“, рече Мао, истакнувајќи дека помошник – министерот за надворешни работи Нонг Ронг изутрината упатил демарш до филипинскиот амбасадор во Кина и ја повикал филипинската страна да даде објаснување за честитката на Маркос.
„Изборните резултати во Тајван нема да ја променат основната шема и насока на развој на односите и нема да го запрат општиот тренд на конечно и неизбежно обединување на Кина“, посочи Мао.
Таа му предложи на филипинскиот претседател да чита повеќе книги за, како што рече, правилно да ги разбере деталите за проблемот со Тајван и од тоа да ги извлече вистинските заклучоци.
Пронајдете не на следниве мрежи:



