Кина го осуди нападот на САД против суверена држава

Пекинг остро ја осудува очигледната употреба на сила од страна на САД против Венецуела и нејзиниот претседател, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи во врска со нападот на САД врз Венецуела, објави РИА Новости.

„Кина е длабоко шокирана и остро ја осудува очигледната употреба на сила од страна на САД против суверена држава и нејзините постапки против претседателот“, соопшти Пекинг.

Кина силно ги повикува САД да го почитуваат меѓународното право и да престанат да го кршат суверенитетот и безбедноста на другите земји.

„Ги повикуваме САД да се придржуваат кон меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на ОН и да престанат да го кршат суверенитетот и безбедноста на другите земји“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: