Кина испраќа 200.000 долари хуманитарна помош за Иран

Кинеското друштво на Црвениот крст ќе испрати 200.000 долари итна хуманитарна помош за иранското друштво на Црвената полумесечина, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Средствата се наменети исклучиво за родителите на учениците кои загинаа во војната, пренесуваат кинеските агенции.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на прес-конференција изјави дека Пекинг „ги осудува сите неселективни напади врз цивили“.

Пронајдете не на следниве мрежи: