Кина вчера успешно лансираше девет сателити во вселената од комерцијалната пилот-зона за вселенски иновации Донгфенг, објави државната агенција „Синхуа“.
Сателитите биле лансирани со ракета-носач „Лиџијан-1 Ј18“ и успешно влегле во планираните орбити. Тие главно ќе се користат за следење на вселенската средина, спречување и намалување на последиците од природни катастрофи, како и за научни експерименти.
Ова била 17-та летна мисија на серијата ракети-носачи „Лиџијан“, кои ги развива кинеската комерцијална вселенска компанија „Си-еј-ес спејс“.
Според компанијата, ракетите од серијата „Лиџијан“ досега успешно испратиле во вселената едно вселенско летало и 121 сателит, со вкупна маса на товарот во орбитата што надминува 21 тон.
Кина планира да продолжи со лансирањата на „Лиџијан-1“ најмалку до втората половина на 2027 година.



