четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кина најавува контрамерки доколку НАТО, под притисок од САД, воведе царина врз Пекинг

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кина ќе преземе решителни контрамерки доколку земјите од НАТО, под притисок од САД, се обидат да воведат царини врз Пекинг под изговор за купување руска нафта, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.

„Нормалната трговска, економска и енергетска соработка на Кина со земјите од целиот свет, вклучително и Русија, е легална и не предизвикува никакви забелешки“, нагласи тој на брифингот, коментирајќи ја можноста Г7 и НАТО да воведат царини врз Кина за увоз на руска нафта. Доколку бидат прекршени легитимните права и интереси на Кина, таа ќе преземе решителни контрамерки, а ние цврсто ќе ги заштитиме нашите суверенити, безбедносни и развојни интереси, рече портпаролот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што прецизираше кинескиот дипломат, дејствијата на САД, кои се обидуваат да извршат притисок врз Европската Унија, се „типичен пример за еднострано заплашување и економска принуда“. Тој истакна дека Вашингтон на тој начин „сериозно ги поткопува меѓународните трговски правила и ја загрозува безбедноста и стабилноста на глобалните синџири на производство и снабдување“.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека европските санкции против Русија „не се доволно строги“. Тој претходно изрази подготвеност да воведе „ефикасни“ антируски ограничувања доколку земјите од НАТО заеднички престанат да купуваат нафта од Русија, а исто така предложи и членовите на алијансата да воведат тарифи за увоз од Кина во износ од 50-100 проценти.

Поврзани вести