сабота, 28 ноември 2026
Најново

Кинезите со ласер погодија германски воен авион! Берлин излезе со итно соопштение по невидениот инцидент

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германското министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Кина во Берлин откако кинеската војска со ласери гаѓаше германски авион што учествуваше во мисијата ASPIDES на Европската Унија, соопшти Министерството во вторник.„Доведувањето во опасност на германскиот персонал и попречувањето на меѓународна операција е целосно неприфатливо “, соопшти Министерството за надворешни работи на Германија преку социјалната мрежа X.Засега не се објавени дополнителни детали за инцидентотНастанот се случува во време на растечка загриженост во рамките на Европската Унија за влијанието на Кина врз клучните технологии и безбедносната инфраструктура низ цела Европа.Европската комисија и кинеското Министерство за надворешни работи сè уште не го коментираа инцидентот, додека кинеската амбасада во Берлин не одговори на барањето за коментар.Мисијата ASPIDES, предводена од ЕУ, има за цел да ја заштити слободата на пловидба и поморската безбедност, особено трговските и комерцијалните бродови во областите на Црвеното Море, Индискиот Океан и Персискиот Залив, како дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија.

Поврзани вести