Кинескиот Сенароден конгрес го потврди Кси Џинпинг за нов претседател на Кина

Кинескиот Сенароден конгрес го потврди поставувањето на Кси Џинпинг за претседател на државата, на местото на Ху Џинтао, јави агенцијата АП, потсетувајќи дека таа церемонијална титула ја добил откако беше избран за шеф на партијата и националната воена комисија.Агенцијата оценува дека 59 годишниот Кси сега ќе мора да ја консолидира својата власт и да ја добие поддршката на јавноста која бара сè повеќе промени.Поставувањето на Кси на највисоките државни функции е очекувано, бидејќи промената на власта во Кина се случува на секои десет години, откако ќе бидат направени сеопфатни подготовки.Кси вети дека ќе се бори против корупцијата, која ја смета за погубна за партијата, а тоа ќе го отежне консолидирањето на неговата власт, бидејќи моќниците во Кина се поврзани и со идеолошки и со финансиски интереси, а најмоќните семејства во Кина своите позиции ги оствариле правејќи услуги едни на други.Кси беше единствен кандидат за претседател на гласањето на конгресот и доби 2.952 гласа, со еден глас против и тројца воздржани.На поранешниот претседател Ху му е направена отстапка така што на местото потпретседател е избран неговиот сојузник, либералот Ли Хуанчао, кој не е член на најтесното партиско раководство.
МакфаксКинескиот Сенароден конгрес го потврди поставувањето на Кси Џинпинг за претседател на државата, на местото на Ху

Пронајдете не на следниве мрежи: