Кире Лазаров открива каде ќе ја заврши кариерата

Легендата на македонскиот ракомет, Кире Лазаров ексклузивно за босанскиот медиум „Независне новине“ одговори на неколку прашања меѓу кои и тоа каде ќе ја заврши кариерата. Низ долгогодишната кариера Лазаров со огромен успех ги носеше дресовите на “Веспрем“, Загреб, “Атлетико“ Мадрид, Барселона и сега во Нант. За босанскиот таблоид тој откри дека со сигурност кариерата ќе ја заврши во Нант.
– Ќе ја завршам кариерата во Нант, тоа е сигурно. Речиси сигурно ќе останам во спортот, во ракометот. Имам неколку опции во главата и времето ќе покаже за кој пат ќе се одлучам, изјави Лазаров.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација не пропушти да проговори и за иднината на репрезентативниот ракомет во Македонија и за неговото минато во дресот со државниот грб.
– Неколку пати бевме блиску до полуфинале. Националниот дрес го носам од 1997 година и многу сум горд на тоа. Македонија е ракометна земја и тоа треба да се негува. Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Реков дека верувам во чуда и тежнеам кон тоа. Македонија има нови генерации кои се талентирани и им треба наша помош. Мојата земја многу направи во ракометот оваа деценија, а и во иднина ќе биде уште подобра. На народот кој го сака спортот и посебно ракометот не смееш да им го скратиш тоа уживање, додаде Лазаров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.