Класичен црн фустан – или ова? Брижит Макрон повторно беспрекорно стилизирана за чиста 10-ка

Проверената модна формула на Брижит Макрон и овојпат била ефектна.
Францускиот претседател Емануел Макрон во Париз бил домаќин на еден од самитите, каде што неговата сопруга и тој ги дочекале гостите во Елисејската палата.
Гардеробата на француската прва дама била едноставно неверојатна.
Елегантниот стајлинг е нешто до што Брижит секогаш се придржува и го носи без грешка, а едноставната линија, односно многуте детали и класични парчиња прават таа секогаш да изгледа одлично.


Проверената модна формула на Брижит Макрон и овојпат била ефектна: безвременски парчиња вклопени како што ѝ прилегаат на нејзината фигура на тело.
Таа избрала да носи едноставна комбинација во вид на елегантен миди фустан со висока крагна, а со него ги вклопила и класичните салонки од превртена кожа.


И Брижит и Емануал модно биле усогласени, па и двајцата носеле темносина боја.
Инаку, фустанот на првата дама е феноменален избор за свечени пригоди, а можеби станува збор за најдобриот еквивалент на црниот фустан, најпознатата модна класика.
Секако дека кога станува збор за свечените настани, без проблем може да посегнете по темносината боја поради тоа што е елегантна како и црната, а визуелно е малку „полесна“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.