Класично грчко фрапе за оние на коишто им недостасуваат плажата и морето

Летото делува многу далеку од оваа перспектива…
Потребни состојки:
30 милилитри вода
1 супена лажица инстант кафе
1 кафена лажичка шеќер
100 милилитри незасладено кондензирано млеко
Ледени коцки


Начин на подготовка:
Во шејкер за коктели, додајте ја водата, па кафето, па шеќерот. Покријте го и тресете силно околу 30-тина секунди. Потоа додајте една шака ледени коцки, повторно покријте го и продолжете со уште 30 секунди тресење. Сипете го кафето во висока чаша, притоа внимавајќи пената да остане на врвот. Послужете веднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.