Клаузулата проблем за ФСС да го раскине договорот со Михајловиќ

Синиша Михајловиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија ќе поднесе оставка, пишува во понеделникот српскиот весник „Спорт“.Челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) нема да ја продолжат соработката со Михајловиќ по завршувањето на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Бразил.Истиот извор наведува дека, Михајловиќ во договорот имал клаузула според која добро би заработил со предвремен раскин на договорот, поради што од ФСС ќе му врачи отказ по завршувањето на квалификациите.Според „Спорт“ голем дел од челниците на ФСС биле разочарани од изборот на играчите и тактиката за мечот со Хрватска, кој Србија во Загреб го загуби со 2:0. Во ФСС биле убедени дека натпреварот во Загреб со погрешната тактика, Михајловиќ го загубил уште во соблекувалната.Синиша Михајловиќ, по превземањето на селекторската функција изјавуваше дека доколку резултатите бидат лоши сам ќе си поднесе оставка.Србија во А групата за пласман на СП во Бразил, по пет кола има четири бода и заедно со Македонија го дели четвртото место на табелата – лидери во групата се Белгија и Хрватска, на третото место е Велс, а последна е Шкотска.Во следното коло, кое на програмата е во вторник Србија ќе ја пречека Шкотска, Македонија ќе гостува во Белгија, а Велс ќе и биде домаќин на Хрватска. 
МакфаксСиниша Михајловиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија ќе поднесе оставка, пишува во понеделникот српск

Пронајдете не на следниве мрежи: