Клекна на колена пред Лила и ја побара за жена

Во квиз шоуто „Се или нешто“ гледачите во изминатите седум сезони колку што се емитува, посведочија на многу необични случи, но како оваа од последната и најнова емисија – никогаш досега.

Имено, кандидатот Ѓоргиче Сенков од Велес, пред камерите и присутната публика, собра храброст да ја побара Лила за своја сопруга.

Приказната започна со добро смислена увертира од страна на натпреварувачот, кој како своја амајлија донесе прстен кој кажа дека е на неговата сестра.

Но подоцна, Ѓоргиче во текот на емисијата клекна на колена и ја побара изненадената Лила, која иако го стави прстенот на раката, сепак ја одби неговата брачна понуда и духовито му кажа дека подобро е да не го „упропастува“.

Потоа се огласи и банкарот кој го констатираше истото како и Лила, а за храбриот велешанец имаше парична понуда од 43 илјади денари кои тој ги прифати.

Партите ги доби, но не и посакуваната сопруга.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.