четврток, 12 ноември 2026
Најново

Клековски: Употребата на лекот „Сумамед“ е критична, бројот на корисници е зголемен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Минатата година ја зголемивме нашата проценка на матичните лекари, сега очекуваме поголема одговорност од нив. Ова значи почитување на казнената политика доколку се надминат квотите за препишување антибиотици и анксиолитици. Имаме ограничување за препишување лекови само за овие две групи, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Втората мерка што ја планираме, нагласи тој, е електронски рецепт, кој во суштина треба да обезбеди контрола на индикациите и дозирањето, бидејќи во суштина имаме загуба во несоодветно препишување, но и во несоодветно препишување во однос на дозирањето, издавање поголеми количини од потребните.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој објасни дека треба да се донесат уште два правилници, веќе е обезбедена интероперабилност помеѓу различните системи, електронскиот рецепт е тестиран кај матичниот лекар и во аптеката и очекуваат да започне во 2026 година.

„Системот ќе ги заштити и лекарите од притисок да препишуваат готови терапии, бидејќи знаеме дека понекогаш притисокот доаѓа од осигурени лица, од граѓани кои сакаат да земат лек без оглед на тоа дали е погоден за нивната индикација. Важно е и зајакнувањето на јавната свест. За нас, најкритично е користењето на „Сумамед“, кој треба да биде антибиотик за последна линија на одбрана, додека минатата година имавме зголемување на неговото пуштање во употреба за 23 проценти“, рече Клековски.

Поврзани вести