Клековски: Ќе се преиспитаат критериумите за боледување

Критериумите за боледување ќе бидат преиспитани, објави денес генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

„ Работиме на преглед на критериумите за боледување , каде што е потребно да се постигне рамнотежа помеѓу потребата за лесен пристап до боледување за оние на кои им е потребно , а од друга страна , да се спречи злоупотреба “ , рече тој.

Тој нагласи дека има значителен број злоупотреби на боледување.

„Уморни сме од вршење постојани проверки по барање на компании или институции за проверки за боледување“, додаде Клековски.

Клековски ги даде овие изјави по потпишувањето на договор меѓу ФЗО и Природно-математичкиот факултет, со кој Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика ќе започне со извршување на најсовремени молекуларно дијагностички процедури, вклучително и генетски анализи за онколошки заболувања.
The post Клековски: Ќе се преиспитаат критериумите за боледување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: