Клиент ја одбил славната манекенка бидејќи се здебелила еден центиметар во колковите

Манекенката на Викторија Сикрет, Бриџет Малколм, шокирала со своето признание. Имено, минатата година за неа била прилично тешка.
27-годишната Бриџет закрепнувала од анорексија и конечно дошла до точка кога повеќе не се плаши од храната. Со фотографиите на Инстаграм, таа открила дека сега се чувствува здраво и силно и се посветила на вежбањето во теретана. Меѓутоа, дури и кога имала нездрави мерки, еден клиент ѝ ја откажал соработката бидејќи таа се здебелила еден центиметар во колковите.
“Ова бев јас, неколку недели откако бев одбиена од важен клиент. Причината беше тоа што моето тело не изгледаше доволно добро. Девојката на овие фотографии со месеци немаше менструален циклус и мораше да спие по 12 часа за да може да функционира. Најлошо е што клиентот ми ја откажа соработката бидејќи се здебелив еден центиметар во колковите во однос на претходната година”, открила Малколм.

 

View this post on Instagram

 

Swell tidings

A post shared by Bridget Malcolm (@bridgetmalcolm) on


Како што тврди таа, од неа се очекувало нејзините колкови да не се поголеми од 88 центиметри.
“Најдобрите ангажмани ги добивав кога обемот на моите колкови беше 83 центиметри. Некои модели го оддржуваат тоа без оглед на сè. Јас не сум една од тие девојки и доста ми е од притисокот на кој бев изложена цели 14 години”, додала манекенката.

 

View this post on Instagram

 

Da Ba Ba nananananana

A post shared by Bridget Malcolm (@bridgetmalcolm) on


Една година откако се соочила со фактот дека боледува од нарушување на исхраната, Бриџет е благодарна што јаде и вежба, и најважно, благодарна е што изгледа поздраво.
“Здравјето ми е приоритет. Ако работата е препрека, ќе ја напуштам кариерата на модел”, вели таа.
Благодарение на агентот, Малколм има ангажмани со клиенти кои го прифаќаат нејзиното тело и изглед.
“Тоа е доказ дека модната индустрија се менува. Има надеж”, заклучила Бриџет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.