Кнесетот даде доверба на новата влада на Нетанјаху

Израелскиот парламент Кнесетот во понеделникот навечер со 68 гласови „за“ и 48 „против“ даде доверба на новата влада којашто ја предложи десничарскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Бовата влада на Бенјамин Нетанјаху ја презема должноста по гласањето, а важните места во неа ги заземаа поддржувачите на населувањето на окупираните палестински подрачја.Иако во новиот состав има повеќе умерени отколку во досегашните влади на Нетанјаху, во неа преовладуваат политичарите кои или се доселеници или се нивни силни поддржувачи, што би можело да ги попречи напорите за заживување на изралеско-палестинските мировни преговори.Нетанјахи, претставувајќи ја новата влада на парламентот, меѓутоа изјави дека неговата влада „им подава рака на мирот“ на Палестинците.„Со палестинскиот партнер кој е подготвен да води преговори во добра вера Израел ќе биде подготвен на историски компромис кој засекогаш ќе стави крај на судирот со Палестинците“, изјавил Нетанјаху повторувајќи го ветувањето што го даде и на почетокот од краткотрајните мировни преговори во 2010 година.Новиот министер на одбрана Моше Јалон, член на владејачката партија Ликуд на Нетанјаху, се спротиставува на сите ограничувања за градењето на доселеничките населби на окупираните области.
МакфаксИзраелскиот парламент Кнесетот во понеделникот навечер со 68 гласови „за“ и 48 „против“

Пронајдете не на следниве мрежи: