Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во тетовско Ларце

Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата. Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места

Доставен е приговор од страна на коалицијата „Европски фронт“ за прегласувањето на Избирачкото место 2021 во селото Ларце во Општина Желино, велат од Државната изборна комисија (ДИК).

Оттаму велат дека не пристигнале други приговори за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во Изборните единици 5 и 6.

Влезот во Избирачкото место 2101 во село Ларце / Фото: 360 степени

И од коалицијата „Европски фронт“ декаска за „360 степени“ ја потврдија информацијата дека е доставен приговор до ДИК.

Во рок од 72 часа од пристигнувањето на приговорот, ДИК е должна да донесе одлука. На решението од ДИК, кандидатите имаат право да поднесат тужба до Управниот суд, кој по приемот на истата во ток од 48 часа треба да одлучи по неа.

Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата. Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Екипа на „360 степени“ пред неколку дена одблизу ја следеше прославата на коалицијата „Вреди“ во тетовското село Ларце откако дента таму се прегласуваше на парламентарните избори.

На прославата на „Вреди“имаше огномет и истрели од пиштоли и автоматско оружје, а следеше откако на повторените избори во шестата изборна единица, коалицијата доби еден пратеник плус за сметка на коалицијата „Европски фронт.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека постапуваат по пријава во врска со пукањето од огнено оружје на прославата на коалицијата „Вреди“ во тетовско Ларце, по прегласувањето на парламентарните избори од пред два дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: