Ковид-19 продолжува да одзема животи, С.Македонија во кризна состојба

Секојдневно расте бројот на починати и новозаболени од ковид 19 во земјава. Вчера беа регистрирани 1112 нови случаи, а починале 24 лица.
Во Македонија во изминативе 7 дена од вирусот почина 230 лица, пресметувајќи од недела 15 ноември заклучно со вчерашниот ден.
Рекордот го достигнавме во понеделник, 16 ноември кога забележавме 40 очинати лица, додека во петокот, 20 ноември, борбата со Ковид-19 ја загубија 39 лица.
Вкупната бројка на починати пациенти од почетокот на епидемијата во земјава е 1.511.
„Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев ќе бидат ковид центри
Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека со сопствениците на приватните болници „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев се договорил да обезбедат 100 кревети за пациенти со ковид-19. Пациентите, како што кажа Филипче по состанокот, ќе бидат сместени во старата болница на „Систина“, а опремата и кадарот ќе го обезбедат приватните болници, за што ќе добијат надомест од државата.


„Постигнавме договор и обезбедивме капацитет од дополнителни 100 кревети и тоа се ресурси кои што државата ќе ги користи од приватните болници. Заеднички се договоривме тоа да биде болницата ‘Мала Богородица’, старата болница на ‘Систина’, каде што можат да сместат 100 пациенти. Целосно ќе биде опремена од сите приватни болници со нивни заеднички договор и оттаму ќе биде обезбеден и кадар и материјали за работа. За тоа ќе добијат соодветен надоместок од државата, согласно постојните закони“, изјави Филипче.
Лекот Фавира пристигнува следната недела
Агенцијата за лекови одобри увозот на антивирусниот лек фавипиравир. Медикаментот кој се повеќе го бараат болните од ковид, во земјава треба да пристигне од понеделник. Од агенцијата за лекови велат дека зелено светло дале по барање на докторите. Но дали и кога ќе се најде во аптеките, за тоа требале да одлучат надлежните.
ЦУК на состанок
Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК во 10 часот, ќе ја одржи седница, која требаше да се одржи денеска, но се одложи, а на која ќе се разгледува планот на Министерството за здравство (МЗ), кои објекти треба да се обезбедуваат.Во обезбедувањето ќе се вклучи Армијата која ќе ѝ асистира на полицијата и ќр биде на своите позиции без оружје.
„ Ќе побараме од соодветните служби на МВР, во делот на обезбедување, да изготват план – дали се прифаќаат сите точки, дали е доволно покривање во една смена или 24 часа. Врз основа на тоа, ќе предвидат луѓе кога би ротирале во три смени. Тогаш ќе ја имаме ние вистинската слика“, вели в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов Инаку, седницата што се презакажа за утре, не се одржа денеска затоа што повеќето служби во министерствата, освен дежурните, не работат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.