Кога е време за нов акумулатор?

Најчесто нов акумулатор треба да купите по третото или четвртото палење со кабли, односно кога станува очигледно дека ни полнењето на полначот повеќе не помага.
Некои од типичните симптоми (но не и најсигурните) што укажуваат на крај на акумулаторот се:
– отежнато верглање
– треперење на инструмент-таблата при стартување на возилото
– рестартирање на радиото
Се разбира, постојат и други симптоми поради кои може да се посомневате дека нешто не е во ред, од однесувањето на осветлувањето на кабината при стартување, преку проблеми во работењето на разната опрема што користи електрична енергија (на пр. прозорците, особено кога моторот е исклучен), до потешко стартување откако автомобилот ќе застане, дури и кога не се ниски температурите. Имајте ја предвид и староста на акумулаторот
Самостојна проверка
Бидејќи превенцијата може да заштеди многу пари, време и нерви, прашавме колку често треба да го проверувате акумулаторот – дали возачот може тоа да го направи сам? На пример, измерете го напонот со унимер – колку е сигурна ваквиот проверка и што кажува напонот?
Во зависност од тоа колку често го возите автомобилот, треба да се проверува на секои 3, 6 или 9 месеци и по истекот на гаранцијата. Мерењето на напонот со унимер не е 100% сигурен метод, но во некои случаи може да ни покаже дека:
– под 10,5V: акумулаторот е неисправен или длабоко испразнет (проверете го возилото)
– од 12V до 12,4V: празен акумулатор (дополнете го акумулаторот)
– од 12,6V до 12,8V: добар акумулатор
– над 13V – сув и неисправен (проверете го возилото).
Детална проверка на акумулаторот на сервис
Брзиот тест е бесплатен во многу сервиси и вклучува:
– проверка дали има прекин на струја во возилото
– проверка на алтернаторот,
– повлекување на анлансерот
– проверете ја состојбата на акумулаторот.


Во однос на точноста на верификацијата, брзиот тест нуди 50% сигурност, а големиот сервис на акумулаторот 100%. Распрашајте се за деталите во сервисот.
Се разбира, цените, процедурата и другите услуги може да варираат од еден сервис до друг.
Полнење со свој полнач
Постојат различни полначи за акумулатори, па затоа на просечнит возач не му е лесно да направи избор. Секако, некои ќе речат дека најобичниот, најевтин и најпримитивен полнач може да ја заврши работата доста добро, додека други предупредуваат дека неправилното ракување може да го уништи акумулаторот, а може и да биде опасно.
Вистина, денес имаме прилично евтини „интелигентни“ полначи кои исто така имаат заштита од преполнување, со микропроцесор кој го контролира полнењето во зависност од состојбата на акумулаторот/колку е полн, но ве советуваме да бидете внимателни и добро да се информирате пред да купите.
Дали треба повремено да го полните акумулаторот, иако не покажува проблеми при работењето?
Во зависност од начинот на возење (подолги или пократки растојанија, колку често го користите возилото, повеќе различни возачи), акумулаторот треба да се полни повремено, на секои 3, 6 или 9 месеци. После секое празнење, задолжително полнетето акумулаторот. Исто така, ако го оставите акумулаторот да стои подолго време, мора да го наполните, па да го оставите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.