„Кога сите би изгледале вака на 60 години…“ Познатата актерка се разголи на островот: Воодушеви со фотографии без градник

Претходно, актерката сподели фотографии од своите патувања, а импресионираше со своите модни избори. Особено се истакна на фотографиите во црно боди од чипка кое ја истакнуваше нејзината заводлива фигура.

Актерката Хали Бери деновиве ќе го прослави својот шеесетти роденден , а со најновите објави од семејниот одмор, таа покажува како годините не ѝ можат ништо , бидејќи и денес изгледа сензационално.

Познатата актерка сподели фотографии од одморот на приватен остров на Фиџи, каде што помина време со својот вереник Ван Хант и нејзините деца. Насмеаната Бери, со опуштена фризура и цвет во косата, позираше за фотоапаратот додека носеше заводлива широка летна облека со прерамки, под која немаше градник.

View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Таа им покажа на своите следбеници како уживала со семејството на бродот, на плажата и на планината, потоа во добра храна, и како една недела пред нејзиниот роденден почнале да слават во ресторан со торта. „Овој семеен одмор беше незаборавен“ – рекла актерката под објавата во која им се заблагодарила на персоналот од островот кој се грижел за нив.

Таа исто така напиша: „А вечерата уз „Лово“ пред роденденот беше фантастична – никогаш нема да ја заборавиме! Прекрасните островски песни што ги пеевте сите заедно и вкусната храна, со најголемите насмевки што некогаш сум ги видела, ја направија навистина магична вечер. Вистината е дека Фиџи навистина ги има најсреќните луѓе на светот. Едвај чекаме да се вратиме во рајот!“

View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Воодушевените обожаватели на актерката се најдоа во коментарите: „Старееш како добро вино“ , „Среќен роденден, убавице“, „Воау, прекрасна си“, „Сè изгледа толку совршено“, „Само да изгледавме сите вака на 60 години“, „Нема шанси на таа торта да пишуваше 60? Воау“.

Фото: принтскрин/инстаграм/халебери

Претходно, актерката сподели фотографии од своите патувања, а импресионираше со своите модни избори. Особено се истакна на фотографиите во црно боди од чипка кое ја истакнуваше нејзината заводлива фигура, преку која имаше наметка. Во една од најавите, таа лежеше на работ од базенот гола , со голема летна шапка наведната преку градите.
The post „Кога сите би изгледале вака на 60 години…“ Познатата актерка се разголи на островот: Воодушеви со фотографии без градник appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: