Кога ќе видите на што го учи Бекам својот син ќе останете во неверување

Ромео Бекам во саботата го прослави 16 роденден , а гордиот татко Дејвид објави приватна фотографија на социјалните мрежи.
Дејвид Бекам , кој во саботата му организираше роденденска забава на синот ,објави фотографија на социјалните мрежи како го учи момчето да се бричи.


,,Не можам да поверувам дека мојот малечок маж има 16 години. Среќен роденден , големо момче. Толку си посебен и многу те сакам.“ , напиша фудбалската легенда на социјалните мрежи.

Викторија Бекам слично како Дејвид му го честита роденденот на синот, но со фотографија од летниот одмор на Бали.
Ромео Бекам почна неколку дена порано да го слави роденденот . Неговите кумови , Елтон Џон и Дејвид Фурниш организираа вечера за момчето на југот на Франција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.