Кога ќе сфатиш дека личноста којашто ја сакаш не ти ја возвраќа љубовта…

Првиот момент кога ќе сфатиш дека личноста којашто ја сакаш не ти ја возвраќа љубовта е секогаш шокирачки момент. Иако, препознавањето на фактот дека некој не ве сака, во ниту еден момент не ја намалува вашата љубов кон таа личност. Со тоа откровение не доаѓа помош.
Јас еднаш на најнеобичен и најнеочекуван начин сфатив дека човекот што го сакам, не ми ја возвраќа љубовта. Ние бевме сами на едно место каде што поминувавме денови додека ги слушавме птиците и ги гледавме облаците како полека се движат. Тоа беше тип на место каде што луѓето одат за да откријат подлабок однос, а не за да сфатат колку им се неважни на нивниот партнер.
Немаше драматичен момент од типот: „Јас не те сакам“. Немаше драма освен изненадното чувство дека тој човек мене не ме сака. Во суштина, ова откровение се случи додека зборувавме за контрацепција. Јас имав проблем и не можев да пијам анти-беби пилули, а тој беше цврсто решен дека никогаш не сака да има деца. Ниту сега, ниту никогаш. Ниту со мене, ниту со некој друг. Секако, товарот на одговорноста беше на мене, затоа што тој не сакаше кондоми.


Зборувавме за можни алтернативни решенија и тој одбиваше се. На крај само ладно ми кажа дека ако останам трудна, се подразбира дека ќе морам да абортирам. Тоа. Тоа беше моментот. Неговите зборови ме шокираа и се што мислев е дека тој не ме сака.
Кога сте во врска со некој и целиот тежок товар паѓа на вас, тогаш не постои трошка можност дека таа личност ве сака.
Тој момент може да биде многу суптилен. Во мојот случај немаше викање, ниту пак лути зборови. Постоеше само недостаток на почит за другата личност. Немаше љубов.
Ова откровение немаше врска со тоа што ми го предложи, колку што имаше врска со недостатокот на почит и грижа за мене. Во тој момент сфатив дека тој никогаш не ме ни слушал кога сум му зборувала за моите тешкотии како самохрана мајка. Моите грижи за здравјето воопшто не го допираа.
И еве сега вие знаете. Не може да се вратите назад откако еднаш ќе сфатите дека сакате некој кој не ви ја возвраќа љубовта. Но, исто така не постои копче кое одеднаш ќе ја исклучи љубовта којашто ја чувствувате за него. И едноставно седите така со таа мисла во својот ум. Развивате планови и мислите дека можеби има начин да ја свртите приказната. Постои момент кога негирате се и кога мислите дека можете да им покажете како може да биде.
Лесно е да се остане со некој дури и откако ќе откриете дека не ве сака. Ништо не се менува од корен, освен вие. Почнувате да ги гледате поинаку. Ги гледате изговорите кои ги правите за нивниот карактер. Сфаќате дека тие секогаш го покажувале недостатокот на љубов и почит, само на начини на кои никогаш не сте забележале.
Секој од нас сака да ги поправи работите. Наоѓате начин и се обидувате да го спроведете на дело. Секогаш мислев дека тој ме сака, само не знае како да го изрази тоа. Тој беше исплашен да биде слободен и да се препушти. Тој беше затворен поради страв и тага. Верував во мојата магија дека ќе успеам да му покажам дека нема ништо страшно во тоа да љубиш.
Но, кога некој не ве сака, таа личност го покажува тоа на секој суптилен начин. Можеби нема да биде во форма на мрчења и забелешки, но ќе биде според начинот на кој се справуваат со вашата љубов. Луѓето не се сакаат поеднакво . Вашата љубов кон некого можеби е жива, но исто така се менува.
Кога ќе почнете да гледате некој низ различни леќи, тогаш и вашата љубов кон нив ќе почне да се менува. Одеднаш сфаќате дека сакате повеќе од љубовта отколку некој кој ладно би ве исфрлил кога би можел. Вашето следно откровение ќе биде тоа дека денес ги сакате помалку од вчера и ќе си ја дадете слободата да барате подлабоки врски во животот. Знаењето дека некој не ви ја возвраќа љубовта можеби е болно, но тоа ве ослободува од товарот на медиокритетот.
На крај, без оглед на тоа дали ќе останете или ќе си отидете, ќе ги сакате помалку отколку што сте ги сакале вчера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.