Кое е идеално време за односи кога надвор е +40?

Научниците велат дека летото е совршено време за секс, без разлика на високите температури. Сепак, од суштинско значење е да се погоди вистинскиот момент.
Мора да се прави разлика меѓу лето во градот и лето на море. Се разбира дека на одмор сите се порелаксирани и порасположени за секс, но во градот ситуацијата е сосема поинаква. Работите, се возите, исцрпени сте и не ви е до ништо. Постојат неколку моменти во кои луѓето, генерално, најчесто се расположени за секс, вели за „24.сата.рс“ д-р Сава Бојовиќ, сексолог.
Утро
Пред работа, пред да станете од кревет за да се туширате – тоа за многу луѓе е совршеното време. Температурите сè уште се пријатни, а може да го вклучите и клима уредот. Двајцата веќе сте во кревет, така што, не бара многу време. Проблемот е во тоа што ова време најчесто е идеално за мажите, кои тогаш се природно возбудени, но не и за жените.


По туширање
Можеби пологично е да се има секс пред туширање, бидејќи ќе се испотите, но и сами знаете дека по туширање се чувствувате многу посвежо, подобро, поубаво и одморено, па затоа баш ова е времето што треба да се користи за играње со вашиот партнер, вели д-р Бојовиќ.
Докторот советува дека ако не ви се допаѓа оваа идеја, секогаш може да се туширате заедно и така да си го разубавите и својот и денот на вашиот партнер.


Вечер
Ноќта беше и остана резервирана за водење љубов, па тоа важи и во лето. Температурите се пријатни и тогаш најприродно се наметнува таа сексуална атмосфера. Тоа не значи дека не треба да се експериментира и да се пробаат други работи, вели докторот.
Преку ден
Тогаш едноставно на никој не му до секс, дури ни кога сте на на море, па овој дел од денот заслужено го зазема последното место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.