Козарев информираше за нов проект

ПУЛС 24 : Професоре Атанас Козарев пред неколку дена имавте промоција на програма за образовни формации за парамедици во рамките на Академијата за итна медицинска помош на Југоисточна Европа – НИКОБ, а вие како Асоцијацијата за корпоративна безбедност сте дел од носителите на овој проект, што би значело тоа во иднина

 

Атанас Козарев: Станува збор за стратешка одлука на носителите на корпоративната безбедност во државата, а тоа е НИКОБ, една безвременска визија во делот на понудата за поголема здравствена заштита. Она што е многу важно е дека приватното обезбедување се развива во динамика во светски рамки и димензионира и други видови на услуги се со цел потенцијалните клиенти да имаат што поголема безбедност во нивните животи, односно освен обезбедување на физички лица, објекти или корпоративна заштита, ние визионерски на граѓаните ќе им нудиме и здравствена заштита со овој проект кој функционери во најразвените држави. Во рамките на свеченоста која се одржа на 11.08.2020 година по повод промоција на програма за образовни формации за парамедици во рамките на Академијата за итна медицинска помош на Југоисточна Европа – НИКОБ беа  доделени признанијата – Големата повелба – Балканот срцето на Европа 2020 на: Арис Влахос, претседател на Унијата на грчките бизниси во нашата држава, Ирена Јакимовска, Ко-основач и Генерален менаџер на на Комфи Ангел – Прилеп и Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Признанијата им беа врачени од Кирил Лазаров – сопственик на НИКОБ Скопје и Лидер за Југоисточна Европа за 2020 година во областа на економијата и образованието.

Предложената програма за обука на парамедици е прилагодена за профилирање на парамедицински кадри  кои преку стекнатите знаења и вештини ќе бидат во состојба да обезбедат основна и напредна итна медицинска помош кај возрасни и деца на местото на настанување на ургентни состојби по нивното здравје и живот од различно потекло. Ова пред сé подразбира преземање на соодветни мерки за прехоспитално згрижување и нега на лица кои се нашле во состојби кои потенцијално го загрозуваат нивниот живот, односно би можеле да доведат до трајни последици по нивното здравје. Во тој контекст посебно би се акцентирало на мерките за реанимација, мониторинг, како и безбеден транспорт на загрозените до соодветната најблиска здравствена установа.

За едукацијата на парамедицински професионалци се предвидува можност да се пријават лица со различен профил на завршено средно и друг повисок степен на образование, поради што програмата на почетокот опфаќа теоретски предавања и практични вежби од базичната анатомија и физиологија на човек, како и запознавање со основните патофизиолошки механизми на различни ургентни (акутни) состојби кои налагаат превземање на соодветни итни мерки од страна на парамедицинските професионалци. Обуката на апликантите за парамедици ќе се одвива во два дела: теоретски дел  (во соработка со Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА Скопје) и практичен дел во симулацискиот центар на НИКОБ – Скопје. Станува збор за интердисциплинарна програма за парамедицински кадар. Во оваа година ќе се обучат 400 кадри, од страна на тим  кој ќе биде носител на оваа дејност не само во нашата држава, туку и во регионот.

Почитувани, Ја користиме приликата како медиум да му го честитаме педесетиот роденден на еминентниот професор Атанас Козарев, долгогодишен експерт во полето на безбедносните науки, долгогодишен Декан и професор кој неуморно твори за безбедноста, науката, образованието и државата.

Среќен роденден професоре!!

Срдечно,

Редакција Пулс 24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.