Козјото сирење и сурутката се извор на здравје

Козјото сирење, јогуртот и сурутката треба да бидат на вашето мени што е можно почесто, затоа што тие подигаат имунитет кај децата, а исто така се важни и за градење и обнова на коските.
Тие го стимулираат правилното функционирање на дигестивниот тракт, но се препорачуваат и во превенција и третман на заболувања на црниот дроб (масен црн дроб, цироза, мононуклеоза). Тие се ефикасни во остеопороза, висок холестерол и крвен притисок, воспаление, функција на бубрезите…
Протеините од козјата сурутка веднаш се апсорбираат и ги снабдуваат мускулните клетки со енергија и аминокиселини и им овозможуваат на спортистите брзо закрепнување на мускулите по тренингот.
Исто така е одлична за бремени жени, кои имаат зголемена потреба од протеини.
Сурутката е исто така богата со есенцијална аминокиселина триптофан (природен седатив). Го стимулира лачењето на серотонин, најпознатиот невротрансмитер што создава чувство на релаксација. Серотонинот исто така има антидепресивно дејство, го намалува апетитот, го намалува холестеролот и ја чисти забната плакета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.