Кои активности надвор се најризични за заразување со коронавирус?

Државите низ светот ги укинуваат мерките за заштита од коронавирус и полека се враќаат „во нормала“. Многу луѓе повторно имаат можност да одат во ресторан, кафуле или бар. Но секоја активност не носи еднаков ризик за зараза од коронавирусот. Докторот Маркус Плесија од САД објаснува за „Вел енд гуд“ кои активности што се извршуваат надвор се најризични.
Посета на бар
Ризикот е помал доколку седите надвор, но главниот проблем е тоа што веројатно не би носеле маска додека сте во бар. Доколку има повеќе луѓе во барот, тешко е да се задржи физичката дистанца. Според Плесија, постои ризик за зараза од коронавирусот додека сте во бар.
Јадење во ресторан
Кога станува збор за рестораните, тие се поорганизирани од баровите и може да се контролира густината на гостите. Освен тоа, додека во баровите често мора да одите и да нарачате пијалак од место на кое доаѓаат сите, во ресторанот ја правите нарачката седејќи на маса, со што се одбегнува контакт со повеќе други лица.
Сепак, ризикот може да постои доколку масите се многу блиску една до друга, а постои и ризик да се заразите од лице што е на вашата маса. Кога станува збор за менито или приборот за јадење, повеќето ресторани ги преземаат потребните мерки за хигиена.


Парк, плажа или базен
Поминувањето време во парк или на плажа е одлично доколку нема премногу луѓе околу вас. Проблемот со овие јавни места е тоа што многу луѓе ги посетуваат во викендите или празниците и тешко е да се задржи физичката дистанца. Затоа, иако сте надвор, може да постои ризик од зараза. Доколку одите на вакви места со група, бидете сигурни дека тоа се луѓе што ги познавате добро и на кои може да им верувате.
Вежбање надвор
Доколку вежбате сами, веројатно би биле во ред. Плесија препорачува задржување на физичката дистанца доколку не вежбате сами. Истото важи и доколку мора да вежбате без маска.
Одење на пазар
Отворените пазари се безбедни доколку ја задржувате физичката дистанца и носите соодветна заштита за лице. Плесија препорачува да се ограничува времето на пазарот на период кој е доволен за да се купат основните намирници. Освен тоа, се препорачува и миење на рацете по пазарењето.
Спортски активности
Секој спорт што вклучува допирање со други луѓе носи ризик за зараза. Луѓето треба да бидат внимателни кога играат спорт во кој се блиску до другите играчи, како кошарка или фудбал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.