Кои се најпопуларни текстови на ВИКИПЕДИЈА

Еве листа на најпопуларни статии на најголемата енциклопедија во светот ВИКИПЕДИЈА. Кој и кога починал, Што се случило на овој ден, Настани, и слични содржини се само дел од информациите што ги нуди оваа веб енциклопедија а се секојдневно пребарувани од милиони луѓе ширум земјината топка. Еднаш годишно оваа веб страна објавува статистиката односно листа од 10 страници што луѓето од целиот свет најмногу ги бараат и читаат на Википедија во текот на годината.
За 2017 година ова е листата. Нешто неочекувано и како нов податок е дека листата на починати луѓе во 2017 година е на првото место. Американскиот претседател Доналд Трамп е втор што е очекувано по силната пропаганда и контроверзии што го следат целиот негов претседателски мандат и кандидатски мандат. Потоа следат информациите за свршеницата на принцот Хари и нивниот заеднички живот и фотографии. Од сериите кои се популарни во моментот најчитана страница е за “Игрите за Троновите” што се чини разбирливо и за македонските прилики. Читателите на Википедија читаат и се што постои како текстови и информации кои се поврзани со САД. Новата ера која скоро започна на крипто валути како Биткоинот и Етериумот исто така се една од најбараните информации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.