Кои се пресудни фактори за неверство?

Дали должината на врската, претходните искуства или едноставно карактерните црти се одлучувачки фактори за изневерување? Дали изневерувањето е „каракетристика“ на лудите млади 20-ти? Најново истражување на оваа тема дава можни одговори на овие прашања.
Истражувањето објавено во Британскиот журнал за психологија покажува дека има неколку одлучувачки фактори кога е во прашање неверството.
Импулсивните луѓе, оние кои имале повеќе партнери од нивната „друга половина“, се повеќе наклонети кон неверство.
И мажите и жените кои карактерно се поимпулсивни има поголеми шанси да изневерат, не бидејќи не го сакаат својот партнер или не сфаќаат кои се последиците, туку бидејќи вртоглаво влегуваат во ситуации без да ја согледаат целосно.


Оние кои во минатото имале повеќе партнери ќе бидат неверни, бидејќи, како што велат истражувачите од Универзитетот на Квинсленд, се „поискусни“ кога станува збор за физички контакт.
„Учесниците во истражувањето кои имале повеќе партнери покажале поголема способност да препознаат дали некој им се додворува, односно дали личноста е заинтересирана за нив или не. Тие исто така полесно остваруваат физички контакт“, тврдат авторите на истражувањето.
Должината на врските, како и „длабочината“ на чувствата меѓу партнерите, не спаѓаат меѓу пресудните фактори за неверство.
Во итражувањето биле опфатени 123 хетеросексуални испитаници на возраст од околу 25 години.
Утврдено е дека мажите и жените се подеднакво наклонети кон неверство кога станува збор само за бакнеж, додека мажите сепак почесто од жените „би отишле до крај“ и би имале секс со друга освен нивната партнерка.
Партнерите кои биле изневерени развиваат подобра способност за препонавање на сомнително однесување и во иднина знаат подобро да ги проценат луѓето со кои се запознаваат или влегуваат во врска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.