Коктел за целосно чистење на црниот дроб и цревата од токсини – моќна комбинација со магичен ефект

Црниот дроб и цревата спаѓаат помеѓу најактивните органи – тие се задолжени за чистење на телото со тоа што го земаат она што му е потребно на организмот, а целиот непотребен отпад и сите отрови кои ги внесуваме ги исфрла надвор.

Сепак, повремено им е потребна “мала помош” за и самите да се исчистат од токсините и разниот отпад кој поминува низ нив, а природниот начин за тоа е секогаш најдобриот избор.
Во продолжение, ви претставуваме рецепт за моќен коктел кој ќе ги исчисти овие органи:

Потребни состојки:
– 3 моркови
– 2 зелени јаболка
– 1 цвекло
– половина лимон (без кора)
– парче свеж ѓумбир
– неколку листови свеж спанаќ


Начин на припрема: измијте ги и исчистете ги сите намирници, ставете ги во блендер и додајте 2 чаши вода. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса, а потоа ставете го сокот во фрижидер. Консумирајте го ладен во текот на целиот ден.

Еве кои се здравствените придобивки од овој коктел:
– морковот го храни црниот дроб со флавоноиди и витамин А
– пектинот од јаболката помага телото да се ослободи од токсини
– спанаќот го јакне имунитетот
– ѓумбирот и лимонот придонесуваат за подобро функционирање на гастроинтестиналниот тракт, ја отстрануваат надуеноста и го подобруваат метаболизмот
– цвеклото содржи многу влакна, што е одлично за цревата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.