Градскиот превоз беше суспендиран денес во Приштина, откако компанијата „Трафику Урбан“ го прекина сообраќајот на сите линии поради финансиски тешкотии предизвикани од блокадата на буџетот на Општина Приштина .
Некои приватни транспортни линии, исто така, објавија прекин на работата, објавува „Економија онлајн“.
Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, изјави дека ситуацијата достигнала критично ниво и дека граѓаните се изложени на ризик како никогаш досега, како и дека буџетот е блокиран од политички причини.
Тој рече дека градот поднел кривична пријава против министерот за финансии на привремените установи во Приштина, Хекуран Мурати, за кршење на законот.
Компанијата „Урбан сообраќај“ во соопштението наведува дека прекинот на сообраќајот е поради финансиски тешкотии и недостаток на гориво, како и дека ќе продолжи со нормално работење веднаш по исплатата на средствата.
The post Колапс во Приштина! Градоначалникот објави: Ситуацијата достигна критично ниво appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



