КОЛАРИЌ: ДА СИ ДАДАТ ОСТАВКА 8ТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ДПМНЕ ПОРАДИ НЕГЛАСАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА!

Поранешната висока функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ, бара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ѝ објаснат на јавноста зошто не гласаа на вчерашната седница за Законот за амнестија на осудените за 27 април.

Колариќ за гласањето на Законот за Амнестија:

На секој “човек” потребно му е една минута да разбере со кого си имаме сегашност.
Душмани на Правда!
Трговци поединци и здруженија!
Криминална багра!
КОЛАРИЌ: ДА СИ ДАДАТ 8ТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ДПМНЕ ОСТАВКА ПОРАДИ НЕГЛАСАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА!

– Сите пратеници од ВМРО ДПМНЕ да поднесат издржано образложение зошто не биле присутни во Собрание при гласање на Законот за амнестија на Уставобранителите или сите (8) ОСТАВКА.
Одродот Македонци од другите партии ( криминална багра) одамна сум ги избришала дека постојат во Собрание, напиша Колариќ на Фејсбук.

Собранието вчера не го изгласа Законот за амнестија, односно со 40 глас ЗА и 58 гласа ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН денеска Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април не помина во Собранието на Република Македонија.

Иако официјално дадоа поддршка за Законот за амнестија дури осум пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот меѓу кои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за амнестија на уставобранителите се и пратеничките Олга Лозанковска, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.